Од 31 август до 30 септември без работа останале 2.239 лица. Од март, кога почна коронакризата во земјавата, па се до крајот на септември, откази добиле вкупно 14.818 работници, евидентира Агенцијата за вработување.

Во Агенцијата за вработување со состојба на 30.09.2020 година по основ на прилив од работен однос евидентирани се 14.819 невработени лица, за кои престанокот, односно одјавата од задолжително социјално осигурување е регистрирана во периодот после 11.03.2020 година, односно во период на кризата предизвикана од ковид 19“, се вели во објавата од Агенцијата за вработување.

Кон крајот на август годинава, бројот на останати граѓани без работа изнесуваше 12.580 граѓани. Бројот на отпуштањата особено се зголеми откако престанаа да важат мерките за помош на фирмите за плати на вработените.

Инаку, ако се погледнат податоците за тоа колку лица се нотирани како невработени, на крајот на септември таа бројка изнесувала 151.359 лица. Тоа е за 6.600 повеќе во однос на крајот на август, односно од пред еден месец, кога како невработени биле забележани 144.759 невработени.

За седум месеци, колку што трае ковид кризата, бројката на невработени кои се евидентирани се зголемен за 45.543 лица, бидејќи на крајот на вториот месец од годинава тој изнесувал 105.816 лица.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.