Владата апелира компаниите да аплицираат за мерките за поддршка на инвестициите и за субвенционирање на платите, а бизнисмените побараа да се отстранат административните пречки што им оневозможуваат да работат. На вчерашната средба во Стопанската комора на Македонија, вицепремиерот Кочо Анѓушевги претстави последните мерки за поттикнување на конкурентноста, а излезе и со ветување дека ќе организира канцеларија во која ќе можат онлајн да се јавуваат, да ги кажат проблемите, по што Владата ќе може да реагира.

Во производството не смее да има чекање и доцнење повеќе од седум дена. Во ред е ова што го прави Владата за да ни помогне, но има многу проблеми што не се решени. И да земеме поддршка од државата, како ќе ја искористиме кога се соочуваме со вакви тешкотии, рече Мирослав Ѓоргиовски од „Геопром“.

Дел од забелешките од бизнис секторот беа доцнењето на регулативата во земјоделството, за Законот за пасишта, кој оневозможува долгорочно планирање на инвестиции, а Анѓушев слушна и дека добро е да е субвенционира секундарното производство во земјоделството.

Вицепремиерот ги прифати забелешките согласувајќи се дека администрацијата е бавна и прави проблеми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.