Пратеникот на ДУИ Џеват Адеми во понеделникот во емисијата Клик Плус на ТВ21, зборуваше за ,,метлата“ на премиерот Зоран Заев и рече дека треба да почне од Анѓушев.

Инаку, двајцата коалициски партнери, Зоран Заев и Али Ахмети попладнево разговараат за кадровски промени во извршната власт.

На средбата е договорено дека ќе следуваат консултации во двете политички партии на чие чело се двајцата лидери, по што разговорите ќе продолжат.

Целта на овие иницијативи е обезбедување кадровски решенија за зајакнување на капацитетите на институциите, во насока на исполнување на подобри резултати на економски план и исполнување на очекувањата на граѓаните.

Инаку, метлата стана актуелна откако на митинг на Пендаровски во Карпош, Заев зборуваше за чистка, а Дац му даде метла од публика.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.