АД „Пошта на Македонија“ и Халк банка АД Скопје денеска ќе ги потпишат договорот за соработка и договорот за утврдување на висината на надоместоците за вршење на услуги во Пошта.

Договорите ќе ги потпишат генералниот директор на АД „Пошта на Македонија“ Јани Макрадули и главниот извршен директор на Халк банка АД Скопје, Билал Суџубаши.

Директорот на АД „Пошта“, Макрадули, неодамна најави дека очекува од 1 март следната година граѓаните да можат да ги плаќаат сметките во поштенските филијали низ земјава, како што беше пред пропаѓањето на Еуростандард банка АД Скопје.

Владата на 7 овој месец ја прифати како најповолна понудата на Халкбанк АД Скопје за соработка со АД „Пошта“ согласно двата усвоени критериуми за евалуација на понудата, и тоа во однос на рокот за почеток на имплементација на договорот од 2 месеци, како и во однос на процент на поделба на остварениот заеднички приход во висина од 71 отсто за „Пошта на Македонија“ со 29 отсто за Халкбанк АД Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.