Раководството на „Маркарт Македонија“, компанијата која има фабрика во  близина на Велес, одлучи од понеделник 650-те вработени да не одат на работа, ќе бидат на колективен платен одмор.

До кога ќе останат дома зависи од развојот на состојбата со коронавирусот во земјава.

Во зависност од развојот на настаните, согласно препораките на Владата и најважно од сè, здравјето и безбедноста на нашите вработени ќе зависи отпочнувањето со работа како и интензитетот и капацитетот на работа, се вели во писмената информација на  менаџментот на „Маркарт Македонија“.

Како проблем во работењето ги  посочуваат  зголемени трошоци за испорака,  оневозможена е посетата од нивните  клиенти, како и сервисерите на  опремата кои доаѓаат  од Германија, Романија, Србија. Велат дека  досегашниот работен процес дека го организирале  благодарејќи  на флексибилноста на вработени, со одредени потешкотии и препреки успеале  да ја организираат работата. Фабриката произведува автомобилски делови за  гигантите „Мерцедес“ и „Порше“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.