Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, денеска откри дека 54.662 работници сè уште не ја добиле мартовската плата, најмногу поради неисплатената помош од петтиот економски пакет кој беше заглавен во Собранието.

До законски предвидениот рок, 15 април, бруто плата не исплатиле 14.998 работодавачи за 54.662 вработени лица, рече Лукаревска.

За разлика од март, февруарската плата не ја исплатиле 3.774 работодавачи за 9.947 работници.

Од денеска во УЈП започнува аплицирањето за државната помош за исплата на платите за февруари и март, откако законите беа изгласани во Собранието.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.