ЕСМ ќе ја продава произведената електрична енергија за 41 евро наместо досегашните 36,1 евро за мегават час (mwh), објави Телма.

ЕСМ ќе понуди 100 проценти од потрошувачката за домаќинствата на новиот петти тендер по ред кај ЕВН хоум, а надлежните досега не ја објавија цената од 41 евро во јавноста официјално.

Одлуката е донесена на затворена владина седница во вторник.

После понудата ќе почне да се формира цената за домаќинствата, а надлежните тврдат дека покачувањето на сметките ќе биде најмногу 10%. Во новата цена ќе треба да се вкалкулираат и барањата на трговците за нивни пријавени загуби кои што ќе бидат разгледани од РКЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.