„1ТВ“ има нов соственик, објавува порталот „Фактор“.

Според пишувањата на порталот, пред Управата за јавни приходи (УЈП) се појавилo физичко лице коe се претставилo како нов сопственик на 1ТВ. Ова го потврди УЈП, а истото се случило кога се чешлала документацијата на телевизијата во сметководственото биро. Од таму не сакаат да го откријат идентитетот, освен дека се работи за физичко лице, а не за правен сублект.

Новиот сопственик потврдил дека му се отстапени уделите од телевизијата без надомест, а единствен услов било тој да ги плати долговите во сметководството.

Инаку, сопственик на 1 ТВ, според податоците од Централниот регистар, беше фирмата БМЈ Медиа груп, а директор е Јасна Мандиќ.

Како сопственици на БМЈ Медиа груп, пак, повторно се јавува Јасна Мандиќ, но и таткото на Бојан Јовановски, Миле Јовановски, кој воедно е и директор на фирмата. Името на Боки 13 не фигурира никаде во официјалните документи, а тој во интервјуата што ги даваше на телевизијата се претставуваше како нејзин газда.

Боки 13 е првообвинет во случајот „Рекет“, кој во моментов е во притвор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.