Од Територијалната против пожарна единица во Битола информираа дека експлозијата најверојатно е предизвикана од активирањето на плинот како енергенс во дуќанот-рибарница и среќа во несреќа е, велат, што не експлодирале плинските боци во дуќанот.

Вработената со итна медицинска помош и без тешки телесни повреди е задржана на лекување во Клиничка болница-Битола, потврди Сузана Конеска, портпарол во таа здравствена установа.

СВР-Битола и надлежни органи ги истражуваат причните за несреќниот случај во дуќанот-рибарница кој се наоѓа во новиот битолски пазар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.