Тимот на Дирекцијата за заштита и спасување за спасување од планина, од рано изутринава ја продолжи потрагата по лицето на планината Пелистер, кое се води како исчезнато од 13 мај 2020 година.

Од Дирекцијата информираат дека тимот е надополнет со уште неколку членови, а по кратка координација со припадниците од МВР-СВР Битола и вклучување на две кучиња трагачи и помош од воздух со два дрона продолжиле со пребарување на теренот и потрагата по исчезнатото лице.

Дирекцијата за заштита и спасување е во постојана комуникација со тимот на терен и со МВР за навремено добивање на информации и информирање на јавноста.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.