Основниот кривичен суд Скопје апелира до дел од адвокатите да не манипулираат со јавноста во однос на условите за водење на судските расправи и почитувањето на мерките во однос на превенција за ширење на вирусот Ковид -19.

Како што секојдневно информираме и апелираме, судот, согласно одлуката на Судскиот совет и Министерството за правда, изготви листа од околу 300 итни и неодложни предмети кои се насрочени во текот на месеците: март и април, од која листа во судот на дневна основа се насрочени не повеќе од 10 судења и тоа во зграда со 25 судници распоредени на седум ката. Токму затоа и судењата со поголем број странки се одвиваат во една од трите поголеми судници каде има доповолно простор и одалеченост меѓу присутните како што беше и денешниот пример со предметот во јавноста познат како ‘Титаник’ на кој во делот за јавност имаше и присутни претставници на медиумите“, велат од Судот.

Од таму ги повикуваат медиумите и претставниците на невладините организации кои ја следат работата на судот, доколку се во можност да присуствуваат не некоја од идните закажани расправи за да се уверат во условите за судење и во секојдневните известувања дека судот редовно се дезинфицира, се мери температура со бесконтактен уред на секој кој влегува во зградата, се користат медицински маски и стерилни ракавици и фреквенцијата на луѓе е сведена на минимум.

Судот уште еднаш апелира дека и адвокатите кои ги критикуваат мерките кои ги презема судот, а дел од нив од претходно ги известиле судиите дека се спречени да присуствуваат на судењата и воопшто не се појавиле во судската зграда изминатите денови, дека сите подеднакво треба да ги почитуваме препораките и да дадеме придонест во борбата со вирусот. Судот, сè до добивање нови напатствија од Судскиот совет и Министерството за правда е должен да се води по нивните досегашни одлуки и да ги штити правата на обвинетите и оштетените во постапките“, се наведува во соопштението.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.