Документите на просветниот инспектор Ѓорѓи Илиевски од Тетово, кои укажуваат на незаконско унапредување во професорската кариера кај тројца функционери на ДУИ, стигнаа во Канцеларијата на Европската Унија. Инспекторот за целиот случај ги запознал и амбасадорите на Франција и Холандија, а покана за средба очекува и во дипломатското претставништво на САД. Разочаран е вели од неажурноста на домашните институции, кои за неговите предмети молчат со месеци.

Таа второстепена комисија што донела скандалозно политичко решение, ќе треба да го открие и да го каже Антикорупциска. Треба да го каже инспекцискиот совет, Јавното обвинителство, а не да молчат. Со тешко срце морам да кажам дека се губи доверба во институциите. Вчера Хан кажа дека треба да имаме реформи, борба против корупција, а ние си ја продолжуваме старата песна, вели Илиевски.

Откако го обелодени скандалот, инспекторот вели оти бил мета на закани, а за него расправаше и Дисциплинска комисија. За дисциплинската мерка која му ја одредил директорот на Државниот просветен инспекторат, Илиевски дознал од новинарите. Вели, ќе бидам деградиран со пониска функција, но на која работна позиција ќе биде поставен ќе дознае по годишниот одмор.

Ова е една порака за сите инспектори во Македонија, дека ако го кренат гласот и укажат на незаконитост или ќе им следи линч или ќе треба да те предупредат како треба. Политизацијата е доминантна, а за сето тоа знаат и во разговорите што ги имав со ЕУ, додава инспекторот.

(Извор – ТВ Алфа)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.