ОВЕН

Работа:

Разочарани сте за прекинот на комуникацијата со странските соработници. Сте имале надеж дека ќе остварите успешна соработка.

Љубов:

Заинтересирани сте за личност која е оддалечена од вас и далечината ви се чини како проблем.

Здравје:

Не сте расположени.

БИК

Работа:

Свесни сте дека работното опкружување не е пријателски настроено кон вас, но вие упорно работите како што мислите дека треба.

Љубов:

Лошата комуникација со саканата личност се завршува со прекин на врската.

Здравје:

Посетете гинеколог.

БЛИЗНАЦИ

Работа:

Прилично сте комуникативни и сугестивни, а вашата приказна е полна со ентузијазам. Без никакви проблеми ја постигнувате саканата соработка.

Љубов:

Не сте опуштени во врската и сакате да го контролирате партнерот, што не е воодушевен од тоа.

Здравје:

Стабилно здравје.

РАК

Работа:

На колегите им предложувате идеји кои не ви се допаѓаат. Вие сте упорни тие да ги прифатат, а ним не им се допаѓаат.

Љубов:

Се чувствувате осамено. Сакате да најдете друга половина што брзо.

Здравје:

Проблеми со кожата.

ЛАВ

Работа:

Загрижени сте поради ситуацијата на работа. Работа нема, а тоа директно се одразува на финансиите.

Љубов:

Со партнерот не успевате да воспоставите нормална комуникација. Пробувате да доминирате, а другата страна одбива.

Здравје:

Реума.

ДЕВИЦА

Работа:

Успешно го регулирате работниот проблем благодарение на приватно познанство.

Љубов:

Во емотивна смисла сте осамени. Имате потреба за опуштена, редовна комуникација околу секојдневни работи.

Здравје:

Стабилно здравје.

ВАГА

Работа:

Задоволни сте како работата се одвива, но и од прилив на финансии.

Љубов:

Ве очекува изненадвачка средба со симпатијата. Не сте ја очекувале, па не се снаоѓате најдобро.

Здравје:

Претерувате со храната.

ШКОРПИЈА

Работа:

Атмосферата на работа е наелектризирана. Сте се подготвил ак нешто некој ви каже, да знаете што да одговорите и како да вратите.

Љубов:

Не сте задоволни од бракот. Размислувате за добрите и лоши страни на бракот.

Здравје:

Проблеми со синусите.

СТРЕЛЕЦ

Работа:

Под стрес сте поради работа и финансии. Имате многу обврски, додека од друга страна финансиите се ограничени.

Љубов:

Не сте задоволни од врската и ја прекинувате. Преуморни сте.

Здравје:

Одморајте.

ЈАРЕЦ

Работа:

Вашите ставови се непоплрни и ви носат проблеми. Од постигнување на договор нема ништо, а другата страна дури ја прекинува комникацијата.

Љубов:

Не сте задоволни од врската и размислувате за прекин.

Здравје:

Проблем со зглобовите.

ВОДОЛИЈА

Работа:

На колегите им ја презентирате ситуацијата подобро од она што е. Другата страна планира да ја провери вашата приказна.

Љубов:

Ви пречи посесивноста на партнерот и тоа што не ја разбира вашата потреба за дружење.

Здравје:

Алергија.

РИБИ

Работа:

Задоволни сте од работниот успех и од тоа што сами сте стигнале до него.

Љубов:

Доаѓа до подобрувања на односот во бракот. Драго ви е што повторно се чувствувате сакано. Слободно покажвајте ги емоциите.

Здравје:

Стабилно здравје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.