Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ на денешната расправа за Законот за одбрана  апелираше  да не се брза со промена на името на АРМ зашто тоа не е обврска согласно Преспанскиот договор уште најмалку пет години.

-Немојте да го менувате името. Не морате. Таква обврска со Преспанскиот договор се уште не е настаната. Според Договорот, името може да се смени пет години по почнувањето на преговорите во поглвјето за безбедност, а тоа веројатно нема да се случи во наредните седум години. Брзате, а со тоа правите штета на државата, нагласи Димовски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.