Шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас, за време на расправата во Парламентот за буџетот за 2022 година, говорејќи за надворешната политика, се осврна на регионот.

Дендиас, изјави дека „проблемите на Договорот од Преспа се очигледни“, но истакна дека врз основа на принципот дека договорите мора да се почитуваат (pacta sunt servanda), тие се да се стремат кон спроведување.

На Западен Балкан придонесуваме регионот да го надмине неговото минато, да стане дел од принципите и вредностите на Европската Унија. Проблемите на Договорот од Преспа се очигледни, но врз основа на принципот „pacta sunt servanda“ продолжуваме да се стремиме кон негово толкување и спроведување со добра волја за да одиме напред во нашиот регион – изјави Дендиас.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.