Министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија, Петер Сијарто вчера ја предаде донацијата од 6.000 дози од вакцината на „Астра-Зенека“ вакцина наменети за имунизација на Граничната полиција. Имајќи предвид дека во Македонија се уште важи начелото дека оваа вакцина не им се дава на лица помлади од 60 години, д-р Никола Пановски прашува – како ќе ги искористиме овие вакцини без да ги навредиме Унгарците?

„Астра-Зенека“, донација од Унгарија за нашата гранична полиција, 6.000 дози!!! Сега шу праиме? Ние нашите граѓани помлади од 60 години не ги вакцинираме со таа вакцина. А овие за жал бајаги помлади ќе се. Како да ја искористиме вакцината, а да не ги навредиме Унгарците? Решение: нашата власт нема ништо против нејзините граѓани да се вакцинираат во странство. Значи кај граничниот камен само еден мал чекор од половина метар во соседната држава, боцкање со „Астра-Зенека“ на граничниот полицаец (тој што боцка може да си остане на оваа страна со нозете) и веднаш враќање во својата земја. Ем испочитувана одлуката, полицајците вакцинирани, сѐ по пропис. Со Србија веќе имаме искуство, таму да си одат нашите граѓани, рече министерот. Тоа ви е драги пријатели вистинска грижа за здравјето на своите граѓани, пишува д-р Пановски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.