На 07.03.2021 во 19.05 часот во СВР Куманово било пријавено дека во угостителски објект на бул.„Октомвриска револуција“ има граѓани кои не ги почитуваат здравствените  прописи за време на епидемија.

Полициски службеници и инспектори од Државниот пазарен инспекторат извршиле контрола во објектот, сопственост на Н.Р.(58) од Куманово и констатирале дека во објектот имало жива музика и  биле затекнати четири лица-гости, еден вработен и тројца музичари, кои не одржувале дистанца и не носеле заштитна опрема, со што биле прекршени мерките на Владата за спречување на ширењето на Ковид 19. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.