Трите починатите во несреќата што се случи денеска во Романовце се деца, потврдија и од кумановската болница и селаните од Романовце. Ваква трагедија, жителите на кумановско Романовце не паметат со голем број на жртви и повредени од едно семејство. Според првичните податоци на СВР Куманово, несреќата се случила по експлозија на плинска боца во семеен дом на Ш.А.

Од МВР информираат дека околу 10.00 часот во Романовце во куќа сопственост на Ш.А. при експлозија на плинска боца настанал пожар во кој три малолетни лица на возраст од 8, 9 и 11 години починале на местото на настанот.

Претседателот на месната заедница, Таџедин Есапи, жали за трагедијата што се случи во нивното село во кое починаа три малолетни деца

Сите сме во жалост. Ваква трагедија немало во селото. Ми се јави кумановскиот градоначалник кој изрази сочуство и изрази подготвеност да му се помогне на семејството, вели Есапи.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.