Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против М.М.(46) с.Зајас, кичевско, поради постоење основано сомение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 17.10.2020 во 12.20 часот, во с.Зајас, М.М., при контрола не бил затекнат во неговиот дом, со што не ја почитувал владината Уредба и не постапил согласно Решението со одредена мерка изолација во домашни услови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.