Еден потешко повреден и уште деветмина полесно повредени е последицата од инцидентот на локалниот пат во Горно Орашје, каде 61 годишен жител на Мала Речица удрел во 10 пешаци. Настанот се случил околу 13 часот и 30 минути, а сите повредени се повозрасни лица од 46 до 76 години.

М.Ј.(61) од Мала Речица, управувајќи патничко возило „Фолксваген Голф“ со тетовски регистарски ознаки, удрил во пешаците: А.В.(75) од с.Јажинце, И.З.(76) од с.Непроштено, Џ.А.(58) од с.Доброште, Р.А.(73), А.А.(67) Р.М.(55) А.А.(71) с.Орашје, Б.Н.(46) сите од Орашје, Ќ.М.(65) од с.Пршовце, и С.Џ.(60) од Тетово, информира СВР Тетово.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот А.В, кој бил пренесен во Клиничката болница Тетово, додека со телесни повреди завршиле сите останати пешаци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.