Пред Кривичниот суд во Скопје попладнево се одржа протест поради изречената затворска казна на Абдулфета Алими, кој беше осуден на седум години затвор како еден од обвинетите за случувањата во Собранието на 27 април 2017 година.

Учесниците на протестот кои се собраа пред споменикот на Скендер Бег по што дојдоа пред судот, носеа маици со ликот на Алими и извикуваат пароли: „нема правда нема мир“, „правдата не е пазар“, „да спасиш човек“, не значи дека си терорист“,…

Демонстрантите ги исвиркаа имињата на пратениците и дел од првично обвинетите за 27 април, кои потоа беа опфатени со Законот за амнестија.

Алими, кој беше еден од сведоците на судењето за нападот врз Зијадин Села, тврди дека не учествувал во насилствата во Собранието на 27 април туку помагал да се спаси и евакуира лидерот на Алијансата на Албанците.

Против затворската казна на Абдулфета Алими јавно се изјасни и лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села кој заедно Арбен Таравари протестираа со насобраниот народ пред кривичниот суд.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.