По силниот земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтер, кој предизвика вознемиреност и страв не само ја жителите на околијата Пешкопеја, каде што беше епицентарот туку и во Дебарско, каде поради близината силно се почувствува потресот, албански сеизмолог смирува дека нема место за паника.
– Нема место за паника поради двата потреса што се почувствуваа синоќа. Последните два дена во областа Клос имаше серија помали потреси  и се чини дека синоќешниот од 5,2 степена беше главниот потрес, по што следува смирување на тлото, изјави Рапо Ормени за њуз 24.
Додава дека ова е сеизмички активно подрачје, но е „зона со  земјотреси со помала јачина”.
И покрај апелот дека нема место за паника жителите од околијата Пешкопеја, според тамошните медиуми, но и жителите на Дебарско се вознемирени.
– Преплашени сме. Првиот земјотрес силно не стреси а нешто послаб беше и вториот потрес. Во коски ни е стравот оти веќе сме преживеале вакви нешта. Дај Боже да нема други потреси, велат неколку дебрани кои заедно со соседите се во стан на првиот кат од зградата.
Според албанскиот министер за одбрана, Нико Пелеши, нема информации за човечки жртви освен за оштетени постари објекти во административната единица Џибер, кај Клос.
Според него, ситеструктури на цивилната заштита се на готовност и во постојан контакт со сите општини во земјата


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.