Прерано згасна животот на младиот скопјанец Перица Велковски 02.05.2019 год. Тоа попладне Перица бил на прослава кај негов пријател во населба Карпош, Куманово каде по сплет на околности бил присутен обвинетиот Р.С (22), кого Перица што туку го запознава.

Во заедничка веселба и дружба заедно со другарите и oбвинетиот Р.С ги поминуваат остатокот од денот и ноќта . Во текот на ноќта Перица и Р.С имале вербална и физичка пресметка која била решена со прегратка и помирување. Дружењето продолжило и никој не би можел да наговести што се крие под прегратките, лукавоста и желбата за одмазда на обвинетиот Р.С.

Пред да се упатат назад кон Скопје другарите, Перица и Р.С. застанале до најблиската бурекџилница за да јадат. Перица останал да спие во автомобилот и им рекол на своите другари да не го будат додека не стигнат назад во Скопје. Отакако обвинетиот прв завршил со јадење, злоупотребувајќи ја нивната стекнатата доверба рекол дека му се спие, ќе си оди дома.

Р.С. наместо да си оди дома, потајно тој го започнал крвавиот чин упатувајки се кон автомобилот во кој спиел Перица. Ја искористил неговата беспомошност, започнал брутално да го убива, знаејќи дека во таков простор мали се шансите да се одбрани. Крвничките удари сепак не биле доволни за обвинетиот Р.С., па ударите засилено продолжил да ги нанесува со петта врата од автомобиот (гепекот) се додека срцето на Перица не престанло да чука.

Ладнокрвно го влечел телото околу автомобиот, при што го фрлил и избегал. По краток миг момчињата кога излегле од бурегџилницата го виделе само безживотното тело на нивниот другар Перица безмилосно оставено на асфалт и веднаш се упатиле кон кумановската болница.

Докторите во кумановската болница веднаш интервенирале, извршиле итна реанимација при што го пренеле во Ургентиот центар во Скопје каде било констатирано дека се работи за многу критична состојба.

По дваесетина дена борба за живот на скопската клиника (КАРИЛ) Перица Велковски им подлегнал на повредите. Обвинетиот е веќе во 30 дневен притвор а семејството и фамилијата Велковски очекуваат најстога казна за овој грозоморен и подмолен чин.

Извор: Вечер

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.