Вчера во 15 часот и 15 минути во Полициската станица Кочани било пријавено дека во реката Оризарска, кон село Речани-кочанско забележано било женско тело.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Кочани и констатирано било дека се работи за Ц.П.(64) од Кочани и утврдена е смрт без траги на насилство.

По наредба на јавен обвинител телото на починатата било дадено за одбукција, а потоа предадено на семејството.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.