Доцна синоќа во 23:45 ч. полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција-Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи и интервентната полиција при СВР Скопје во содејство со Државниот пазарен инспекторат по претходно добиени сознанија извршиле контрола во угостителски објект лоциран на регионалниот пат Тетово- с.Желино и констатирале дека објектот работи спротивно на законот односно мерките за справување со корона вирусот.

При извршената контрола во објектот биле затекнати 94 лица од кои 73 гости, а биле затекнати и 17 државјанки на Албанија, Босна и Херцеговина, Србија и Молдавија. Исто така, при извршената контрола пронајдена е марихуана и метадон при што лишени од слобода се две лица против кои ќе биде поднесена кривична пријава по чл.215 од КЗ. Против 17 лица ќе биде поднесена соодветна пријава по чл. 418а од КЗ, а против сопственикот на локалот ќе биде поднесена пријава по чл. 206 од КЗ.

Изречени се и три санкции за неносење на лична карта и лицата се приведени во СВР Тетово со цел утврдување на идентитет. При контрола на локалот во посебно изработени рафтови со бројки биле пронајдени пари. Од страна на Државниот пазарен инспекторат објектот е пломбиран и има забрана за вршење на дејност со времетраење од 30 дена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.