30-годишната Добрила Стефановска е жената од снимката со таксистот во близина кај хотелот „Континентал“, која деновиве ја згрози јавноста, особено на друштвените мрежи.

Таа проговори за случката пред камерите на „Канал 5“, објаснувајќи дека ситуацијата што довела до нaпaдoт започнала со тоа што таксистот почнал да ја навpeдува откако побарала да ѝ раситни илјадарка за да му плати за такси услугата.

Стефановска вели дека нема да се откаже сè додека таксистот не го добие заслуженото. Воедно сака и да ги охрабри сите жени да ги пријавуваат ваквите ситуации.

На 24.07.2019 во 15.30 часот во Полициската станица Центар било пријавено дека на крстосницата на булеварот ‘Гоце Делчев’ и улицата ‘Беласица’ се случил инцидент помеѓу З.П.(45) од Скопје и Д.С. (30) од Скопје – велат од МВР за настанот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.