Центарот за управување со кризи објави предупредување до планинарите и љубителите на пешачењето на Водно.

Денеска во претпопладневните часови се случи немил настан на движечките пешачки-козји патеки низ падините на планината Водно, имено жена движејки се низ патеките поради замрзнатиот терен се лизнала и паднала на делот од патеката од средно Водно кон врв.

Жената се здобила со посериозни повреди односно со прелом на ногата, а Горска служба по повик од 195 ја имобилизираа и жената е однесена до ургентен центар.

Со оглед дека се работи за сè уште ниски температури во текот на ноќите а променливи во текот на денот Центарот за управување со кризи укажува на Внимателност во движењето на погоренаведените патеки кон Средно и Горно Водно за љубителите на движењето во природа и при движењето да се носи соодветна опрема и помагала адекватна за посакуваниот движечки терен како и временски услови во кои се движи, искачува и планинари“, велат од ЦУК.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.