Утринава во 07:20 часот во СВР Струмица било пријавено дека настанал пожар во куќа на ул.„Маршал Тито“ во Стар Дојран.

Пожарот бил изгаснат од екипа на територијалната противпожарна единица, по што во куќата било пронајдено починато женско лице.

Увид бил извршен, а по наредба на Јавен обвинител телото ќе биде дадено на обдукција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.