Жена се здобила со тешки телесни повреди откако на излезе од подземен паркинг во Скопје била удрена од автомобил.

Вчера утрината во 10:00 часот на излез од подземниот паркинг на Трговскиот центар Капиштец и сервисната улица која ги поврзува улиците „Народен фронт“ и „Васил Ѓоргов“ во Скопје, едно возило удрило во пешакот Е.Р.(80) од Скопје, по што го напуштило местото на незгодата. Во незгодата, Е.Р. се здобила со тешки телесни повреди, по што била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје – информира МВР.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.