Една жена загина, а маж е во болница откако вчера во 17.40 часот кај стариот градски „Зелен пазар“ во Виница, претходно паркирано товарно возило „застава“ без регистарски ознаки се придвижило и удрило во нив.

Од здобиените повреди на местото починала З.А.(47) од Струмица, додека едно машко лице било пренесено Медицински центар Кочани за укажување на лекарска помош.

Увид на местото извршиле Јавен обвинител и екипа од Полициската станица Виница.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.