Тетовка им подлегна на тешките повреди здобиени по падот од балкон.

Како што соопшти денес МВР околу 11.10 часот во СВР Тетово било пријавено дека на ул. „Благоја Тоска“, во стан сопственост на М.Г.(85) од Тетово, неговата сопруга М.Г.(81), која имала нарушено здравје, додека била сама во станот, излегла на балконот, кој се наоѓа на првиот спрат од станбена зграда и паднала од балкон.

М.Г. била префрлена во Клинички центар Тетово, каде од здобиените повреди починала.

Увид на лице место извршиле екипи иод СВР Тетово и СВР Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.