Јас во мојот живот никогаш не сум користела социјални мрежи, немам профил ниту на една платформа. Едноставно, така функционирам и немам потреба од отворање на социјален профил, и тоа го знаат сите кои ме познаваат. Вечерта на 29 јануари, почна да ми ѕвони телефонот и со тоа почна мојата и голготата на моето семејство. Се јавуваа мои роднини, познаници, колеги, прашувајќи ме што се случува и како можат да ми помогнат – вака за „Фокус“ ја почнува својата приказна Надица Фундуки, мајка и сопруга, познат адвокат од Неготино, која околу две децении работи во самостојна адвокатска канцеларија лоцирана на Градскиот пазар во Неготино.

Таа појаснува дека она кое го слушнала од загрижените блиски луѓе кои и се јавувале, ја оставило без зборови и во шок. Ја информирале дека на социјалните мрежи е активен нејзин профил, а објавите од истиот ги оставиле во неверување.

 

Објавеното во мое име беше запрепастувачки. Наводно, сум го изгубила телефонот во кој сум имала интимни фотографии и истите завршиле во Јавна соба. Па, поради тоа моите странки прекинале соработка со мене, професијата ми била загорзена, дека ми треба финансиска помош… Објавата се споделуваше во женски групи на Фејсбук со огромен број на корисници, наводната вест за адвокатка која поради фотографии во Јавна соба останала без работа се објави со бомбастични наслови и во одредени електронски медиуми. Лагите за мојот приватен и професионален живот се проширија со неверојатна брзина, а телефонот не престана да ми ѕвони. Без двоумење пријавив во полиција – раскажува адвокатката.

Таа додава дека во пресрет и излегле млади полициски криминалисти од Полициска станица Неготино и заедно со неа во рок од пет дена го откриле идентитетот на лицето кое го креирало лажниот профил. Се работело за женска личност од Неготино, на возраст од 27 години, со која адвокатката се сретнала на претходно судење.

Целиот текст на Фокус

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.