Седумдесет и двегодишна жена загина, а шест лица се спасени во пожар што избувна во семејна куќа во Прилеп.

Пожарот се случил изутрината околу 8 часот и избил во приземјето на семејната куќа на Спиркоски на улицата „Никшиќка“ број 10.

Според Методија Николоски од прилепската противпожарна единица, повикот во единицата бил во 8,37 часот и со брза интервенција успеале да ги извлечат шест лица од огнената стихија.

За многу кратко време противпожарната единица со 4 возила и 11 пожарникари пристигна на местото на пожарот. Стихијата избувнала во приземниот дел од куќата. Пожарот се проширил по скалилата на двата ката, но со брзата интервенција спречено е да ги зафати катовите. Спасени се човечки животи, шест лица се извлечени, но за жал еден човечки живот е загубен од пожарот, изјави Николоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.