Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кавадарци поднесе кривична пријава против Н.Н.(28) од Кавадарци, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „лихварство“.

Во периодот од јануари до август 2019, пријавениот со усмен договор во повеќе наврати на Н.Г. му давал пари на заем, при што му пресметувал камата од 200% на месечно ниво, со што стекнувал несразмерна имотна корист.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.