Момчето на 24-годишната Викторија Николова, која трагично го загуби животот на булеварот „Партизански одреди“ е во добра физичка состојба, бидејќи немал тешки повреди, но има големи емоционални трауми по сообраќајната несреќа.

Таткото на повреденото момче за ТВ24 вели дека очекуваат максимална казна за возачот кој ја предизвика несреќата, со цел вакви работи повеќе да не се повторуваат.

Здравствено ако ме прашувате е добар, бидејќи повредите не му беа големи. Има отоци и мали болки, меѓутоа емоционално има големи трауми, не се чувствува најдобро, му недостига Викторија. Очекуваме од надлежните органи да си ја завршат професионално работата, да се тера правилно и да нема неправда. Ние секако ќе ангажираме адвокат, кој ќе ја претставува нашата страна и ќе бараме максимална казна за понатаму да не се случуваат вакви несакани работи, вели Даниел Даов родител на повреденото момче.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.