Според адвокатот на Јанева, сега осудениот Зоран Милевски – Кичеец очигледно било дека е лице кое имало единствена задача – незаконски да снима разговори кои ги води, да нуди и да посредува во поткуп и да поттикнува кривични дела..

Од досега изведените докази на обвинителството можеме да заклучиме дека сведокот Јордан Камчев во неколку наврати сведочеше за сознанија кои ги добил од трети лица, главно од неговата сопруга Ана Камчева, Зоран Милевски и покојниот Жарко Луковски – рече адвокатот на Катица Јанева во неговиот завршен збор. Деновиве можеме да слушнеме нови ‘бомби’ снимени од сега осудениот Зоран Милевски – Кичеец. Оттука, можеме да заклучиме дека единствена негова задача била незаконски да ги снима разговорите, да посредува во поткуп и да поттикнува кривични дела, рече адвокатот во завршниот збор.

Вчера, во својот завршен збор, Бојан Јовановски објасни дека Кичеец е „агент провокатор“ кој бил испратен од некои лица од власта да снимаат повеќе луѓе, меѓу кои и Катица Јанева и Христијан Мицкоски.

Според Јовановски, Заев имал за цел да го уништи СЈО бидејќи Катица Јанева почнала да му прави штета со притворувањето на Сашо Мијалков.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.