Полициски службеници од Полициската станица Гостивар синоќа во 21:30 часот извршиле контрола во угостителски објект во село Балиндол, гостиварско, сопственост на И.Б.(49) од с.Балиндол. При контролата, во објектот, покрај сопственикот, биле затекнати уште три лица – гости.

Како што соопшти МВР, објектот бил затворен од Државниот пазарен инспекторат, а сопственикот бил лишен од слобода и приведен во Полициската станица Гостивар. По целосно документирање на случајот, против И.Б. ќе биде поднесена пријава по член 206 од Кривичниот законик за  „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.