По олабавувањето на мерките поврзани со пандемијата со Ковид 19, започна со полн интензитет организирањето свадбени и други свечености, поради што Министерството за внатрешни работи уште еднаш апелира до граѓаните да се воздржат од пукање со оружје и од неовластено организирање огномети, соопштија од ресорното министерство.

Полицијата додава дека пукањето е спротивно на Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, а паричната глоба за ваков вид прекршок се движи од 200 до 500 евра (член 31).

-Зависно од последиците, пукањето може да претставува и кривично дело „предизвикување општа опасност“, за кое е предвидена и затворска казна од една до пет години (член 288 од Кривичниот законик). На граѓаните, исто така, им се укажува дека свадбените огномети треба задолжително да се пријават во полициските станици или одделенија на подрачјето на кое се организираат, во зависност од нивната категорија, а организаторите навреме да ги преземат пропишаните превентивни мерки за заштита на животот и имотот на присутните на свеченоста, додаваат од тетовската полиција.

МВРПУКАЊЕСВАДБИ

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.