Поради непочитување на прописите и непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, на 21 јули од страна на Државниот пазарен инспекторат беше затворен ноќниот клуб „Аватар“ од Струмица. Затворањето и кривичната пријава следеа по бурните реакции во јавноста на фотографиите и видеата од преполниот клуб.

Од клубот тогаш реагираа дека тие не се ноќен клуб, туку дека работат како кафе бар и на отворено и дека се придржувале до сите протоколи и прописи.

Клубот, сепак, беше затворен, но пред два дена на „Фејсбук“ беше најавен „викенд кој не смее да се пропушти“.

Иако „лудиот викенд“ е одложен поради временските прилики, јавноста повторно бурно реагираше како затворен клуб магично е отворен и како за некои не важат истите правила како за останатите:

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.