Затвореник во КПУ Штип со друго лице договорил набавка на марихуана и таблетки „бупренорфин“ и организирал внесување на пакет наменет за друго лице.

Тоа се случило на 09.06.2020 година, додека пријавениот бил на издржување казна затвор во Казнено-поправната установа Штип. При преглед на пакетот дрогата и таблетите биле пронајдени и одземени.

СВР Штип поднесе кривична пријавa против С.С.(35) од Куманово, поради „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.