Во текот на вчерашниот ден, затвореник од Тетово од КПУ „Идризово“ починал во комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Вчера во 11:40 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ бил донесен со влошена здравствена состојба Е.Б.(59) од Тетово, кој издржувал казна затвор во КПУ „Идризово“, се вели во билтенот на МВР.

Од лекар била констатирана смрт без траги на насилство, соопштуваат од МВР. Оттаму наведуваат дека по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.