Синоќа околу 23.10 часот, полициски службеници од Полициската станица Гази Баба извршиле контрола во угостителски објект во скопското село Црешево, при што констатирале дека објектот не е регистриран, а внатре биле затекнати пет лица и сопственикот С.С.(56) од село Црешево.

– Објектот бил затворен од Државниот пазарен инспекторат, а лицата биле приведени во Полициската станица Гази Баба. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена пријава по член 206 од Кривичниот законик за „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија”, соопштија денеска од МВР.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.