Вчера во 18.25 часот во СВР Куманово било пријавено дека на магистралниот пат Куманово – Табановце имало лице кое лежи покрај патот. Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека се работи за лице мигрант од Авганистан на возраст од околу 15 години, кој имал повреди на ногата.

Тој бил пренесен во Општата болница Куманово каде му била констатирана прострелна рана во десна потколеница и му била укажана лекарска помош.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.