Фестивал на македонски современ филм ќе биде отворен вечер во 19 часот во Копенхаген, во организација на Данскиот филмски институт.

На отворањето на Фестивалот ќе биде прикажан филмот „Исцелител“ на Ѓорче Ставрески.

Во селекција на филмскиот критичар Гена Теодосиевска, данската публика идната недела ќе има можност да ги проследи и филмовите „Превртено“ на режисерот Игор Иванов Изи, „Три дена во септември“ во режија на Даријан Пејовски, „Балканот не е мртов“ во режија на Александар Поповски и „Амок“ на режисерот Вардан Тозија.

Овој настан е продожување на соработката меѓу Интернационален фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ и Данскиот филмски институт откако пред две години во програмата „Земја во фокус” беше претставена данската современа кинематографија.

На отворањето вечер пред публиката ќе се обратат претставникот на Данскиот филмски институт, Јеспер Андерсон, директорот на фестивалот „Браќа Манаки“, Гена Теодосиевска и амбасадорот на Северна Македонија во Кралството Данска, Александар Новотни.

Таговивести Данскакопенхаген

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.