На 11.10.2022 во 15.30 часот на ул.„Благој Крстиќ“ во Кавадарци, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при Полициската станица Кавадарци го лишиле од слобода П.М. (40) од Кавадарци.

 

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени неколку пакувања бела прашкаста материја, неколку пакувања кафеава прашкаста материја, две дигитални ваги, пари во различни валути и апоени и други предмети со остатоци од кафеава прашкаста материја.

 

Претходно, во 13.30 часот на ул.„Киро Спанџов“ во неговото паркирано возило бил затекнат И.П. (40) од Кавадарци, а во возилото бил и А.М.(36) од Кавадарци. При преглед кај нив и во возилото, кај И.П. била пронајдена и одземена марихуана – информираат од МВР.

Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.