Полициски службеници од СВР Велес денеска околу 12:30 часот ги лишиле од слобода Л. Л. (35) и С. Т. (46), двајцата од Велес, откако при претрес во нивниот дом биле пронајдени и одземени марихуана, неколку дигитални ваги и други предмети.

При претрес во нивниот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, куршуми калибар 6,35 мм, шприц со непозната течност, неколку дигитални ваги, пасош на име на друго лице и други предмети. Л.Л., исто така, се сомничи дека е сторител на кривично дело „разбојништво“ – информираат од МВР.

Оттаму додаваат дека по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.