На 24.12.2020 полициски службеници од ОВР Кичево, по претходно добиени оперативни сознанија извршија контрола во правно лице во Кичево, чиј управител е Е.Е. (44) од Кичево. При прегледот се пронајдени и одземени пиротехнички средства, по што е извршен и претрес, по добиена наредба од Основен суд Кичево, во дом и други простории на Е.Е., при што е пронајдена поголема количина пиротехнички средства.

Вкупно се запленети 36576 пиротехнички средства, а Е.Е. е приведен и протов него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.