Рано утрово во 02.41 часот во СВР Скопје било пријавено дека на паркинг просторот од бул.„Партизански одреди“ со ул.„Есперанто“, во населба Порта Влае, настанал пожaр на патничко возило „тојота јарис“. Возилото, кое било целосно опожарено, е во сопственост на правно лице од Скопје, чиј сопственик е Г.Ѓ.(57) од Кичево.

Според неофицијалните информации на „Инфомакс“, станува збор за обид за рекетирање.


Од пожарот биле зафатени и патничките возила „мерцедес Ц200“ и „хјундаи акцент“. Од Противпожарната единица од Скопје пожарот е изгаснат, а повредени лица нема. Увид на местото на настанот направила екипа од СВР Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.