Поради интервенција врз запалено возило на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) од Делчево во моментов во застој е сообраќајот на патот Делчево – Ѕвегор – Граничен премин.

Според информациите на жители на селото за МИА, запалено е комби возило, по што е повикана екипа на ТППЕ Делчево.

Веднаш по опожарувањето на возилото повикана е екипа на ТППЕ Делчево, која во моментот врши гаснење на истото – истакнаа жители на селото.

Настанот е пријавен во полиција од каде го потврдиле случајот, а со повеќе детали околу причината за опожарувањето ќе излезат во текот на денот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.