„БМВ“ на скопски бизнисмен ноќва гореше на паркингот кај ТЦ „Зебра“ во Капиштец. Како што соопшти МВР утрово, пожарот на улицата „Васил Ѓоргов“ бил пријавен ноќва во 2 часот.

Станува збор за патничко моторно возило „БМВ“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на фирма од Скопје, соопшти МВР.

Повредени лица нема. Увидот е во тек.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.